И слободните софтверџии се
придружуваат во одбраната на идентитетот
13.01.2009
23:59
|
Георгиевски: Новото локале ќе биде mk_AM, за
македонски јазик - Античка Македонија |
|
|
Слободните софтверџии докажуваат дека нема фронт каде
што не се брани идентитетот на македонското битие. Дамјан
Георгиевски, еден од најискусните во локализацијата на
слободен софтвер, веќе започна со изработка на македонско
античко локале, кое според плановите ќе биде достапно веќе во
верзиата 9.04 на популарната дистрибуција Убунту, планирана
за март оваа година.
„Се наоѓаме во деликатен момент од нашата долговековна
историја. Мораме сега да го направиме ова ново локале бидејќи
ниту еден наш сосед не може да биде во право кога вели дека
античкото не е наше минато“, изјави Дамјан Георгиевски,
долгогодишен локализатор на слободен софтвер.
Античкото потекло на денешните Македонци е актуелна тема
која ја коментираат сите. Новица Наков, од локализацискиот
тим за Мозила, вели дека борбата мора да продолжи и на
дигиталниот фронт.
„Ние сме Антички Македонци колку што се и сите други на
овие простори, но лично сметам дека сме ние малку повеќе од
другите, а тие малку помалку од нас. Затоа ние први ќе
почнеме да го преведуваме Мозила Фајфрокс на античко
македонски јазик.“, вели Наков.
Еден од првите потези на Владата на Никола Груевски беше
поставувањето на античките скулптури пред Владата и
преименувањето на скопскиот аеродром во „Александар
Велики“.
|
Наков:
Први ќе почнеме со преведување на античко македонски
јазик |
|
|
Александар сега на Скопскиот плоштад ќе добие грандиозен
споменик, а Градскиот стадион и автопатот Табановце -
Гевгелија ќе го носат името на неговиот татко Филип 2.
Експертите за ова прашање се поделени, некои велат
Македонците имаат право да ја слават историјата како што
мислат, но некои предупредуваат дека овие потези можат да им
наштетат на македонските евроинтеграции.
„Сметам дека треба да се надитри Грција. Грција има
поголем број на корисници на Линукс од Македонија, значи ќе
мора да се внимава и на ова“, рече Арангел Ангов, од
локализацискиот тим за Убунту.
„Доколку ние паметно играме, ќе можеме да докажеме дека
„Убунту“ е античко македонски збор, а не африкански како што
сега се мисли.“, додаде Ангов.
Европските и американските софтверски експерти повеќе пати
констатираа дека употребувањето на античката историја во
преведувањето на софтверот, нема многу да и помогне на
Македонија во приближувањето кон ЕУ и НАТО.
Се очекува Грција во своја одбрана пред судот во Хаг да ги
користи записите од ИРЦ, од што се гледаат плановите на
софтверџиите, како пример за прекршување на Привремената
спогодба.
|