Макфакс
недела, 12 април 2009
15°C Скопје
 
 

Сите Вести
Македонија
Регион
Свет

стрелка Се наоѓате тука: > Дома > Вести > Македонија
Најново претходна следна Вонредена состојба во Бангкок, премиерот побегна
Продолжението на Гладијатор ќе се снима во Скопје

Скопје / 12.04.09 / 10:22
На специјална прес-конференција во Холидув денес Ридли Скот објави дека вториот дел на Гладијатор ќе се снима во Скопје. Само денови по објавувањето на идејните решенија за новите згради, како Министерството за надворешни работи, Скот заедно со продуцентите, објави дека ќе им биде посебно задоволство да работат во Скопје. Новиот изглед на градот ќе им помогне да добијат поавтентична околина за филмот, истовремено заштедувајќи многу пари за сценографија и високите такси за снимање во Рим, Италија.

Заменик-министерот за финансии изјави дека овој план на холивудските великани е добра вест бидејќи приходите од дозволите за работа ќе помогнат да се пополни буџетот и да се амортизира кризата во Македонија. Од министерството се надеваат и на други приходи за државата од овој проект.

„Нема подобар начин да започне мандатот на еден градоначалник“ - изјави за Макфакс новоизбраниот градоначалник на Скопје. Во градот веќе се прават планови за прием на големиот број филмски работници и туристи кои ќе го следат снимањето на филмот.

На посебна конференција за печатот Расел Кроу изјави дека чул за Македонија, но не знае точно каде. Сепак, рече тој, веќе разговарал со премиерот на нашата држава и се интересирал за тоа каде може да купи имот за да гради семејна куќа.

По повод оваа вест, поглаварот на Македонската православна црква ќе одржи посебна литургија. /крај/мс


Bookmark and Share


Copyright 2009 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax
Архива   
стрелка
Најава












 
 
  © Макфакс 2004 - 2009 За Макфакс | Контакт | Маркетинг
by Vertigo-NME