Од понеделник почнува издавањето на новите биометриски пасоши, вика Утрински Весник.

Во текстот уште и пишува дека пасошот ќе имал „чип со биометриски податоци за сопственикот на патната исправа и сигурносна заштита според стандардите и директивите на Европската унија. Неговото фалсификување ќе биде многу тешко...“

Две работи,

1) претежно текстовите за биометриските пасоши низ македонските медиуми беа со слична (ако не и иста) содржина: пасошите - модерни, со чип, со биометриски податоци и многу сигурни (тнтр-пнтр).

2) никој не праша: кои се податоци ќе бидат складирани за граѓаните, каде ќе се складираат, кој ќе има пристап до тие податоци, кој ќе смее да им пристапува и проверува, со кои сигуруносни механизми се заштитени итн...

Кај се критичките текстови? Кај се текстовите кои покажуваат како биометричките пасоши НЕ СЕ посигурни од обичните?

Anyway, не верувам дека Македонија имала избор. Сме добиле директива од Белград, пардон, Брисел или Вашингтон и тоа е - иако во нивните земји граѓаните жестоко се спротивставуваат на ваквите пасоши.

Објавено: сре, 28 мар 00:17:57 CEST 2007
[æ]