Највеќе време за гледање на клипчиња од YouTube (и сл) имам кога сум негде каде што нема можност за интернет. Но имам инсталирано MediaPirate екстензијата за Firefox, па кога имам интернет симињам, кога немам гледам :).

Но, клипчињата од YouTube се во flash video формат (.flv) кој некако е прилично проблематичен. Во многу плеери звукот и видеото не се синхронизирани, во други пак видеото сецка, трети пак имаат проблем кога има .flv фајлови во плејлистата (kaffeine чудно почнува да скока низ .flv фајловите после првиот успешно пуштен фајл).

Така решив да ги конвертирам сите .flv фајлови во нешто постандардно и покорисно. Gemidjy ме советуваше да пробам со ffmpeg, и по малку експериментирање дојдов до ова решение:
ffmpeg -i The_GNU_pact.flv -acodec copy -vcodec mpeg4 The_GNU_pact.avi
Или.. објаснето: По стартање на командата добиваме нешто вакво:
Input #0, flv, from 'The_GNU_pact.flv':
  Duration: 00:04:25.6, start: 0.000000, bitrate: 56 kb/s
  Stream #0.0: Video: flv, yuv420p, 320x240, 29.97 fps(r)
  Stream #0.1: Audio: mp3, 22050 Hz, mono, 56 kb/s
Output #0, avi, to 'The_GNU_pact.avi':
  Stream #0.0: Video: mpeg4, yuv420p, 320x240, q=2-31, 200 kb/s, 29.97 fps(c)
  Stream #0.1: Audio: mp3, 22050 Hz, mono, 56 kb/s
Stream mapping:
  Stream #0.0 -> #0.0
  Stream #0.1 -> #0.1
Уште подобро, новиот .avi фајл е помал:
$ ls -l The_GNU_pact.*
-rw-r--r-- 1 damjan users 11173345 2007-04-21 00:22 The_GNU_pact.flv
-rw-r--r-- 1 damjan users  9770696 2007-04-21 00:30 The_GNU_pact.avi
ffmpeg може да направи и други операции, но ова се чини како доволно. Плус подржува и многу други аудио/видео кодеци и формати на запис.

Објавено: саб, 21 апр 00:38:59 CEST 2007
[æ]