Пред некој 6 месеци приметив bug во Apple-овиот Bonjour за Windows, и.. ај викам ќе бидам фин ќе им го пријавам bug-от и покрај тоа што не користам Windows. Барем zeroconf (bonjour) екосистемот да биде посилен.

Прв проблем, Apple bug report системот не е јавен, морав да се регистрирам за да проверам да не е веќе пријавен проблемот. Испадна дека воопшто и нема search.

Второ, после 6 месеци од пријавувањето нема никаков коментар дека се работи на проблемот или барем дека е потврден проблемот. Ништо, штама.

За цело тоа време (и сеуште) добивам SPAM од Apple за некакви нивни конференции и што знам што, иако знам дека секогаш кога се регистрирам негде внимавам да одберам ДЕКА НЕ САКАМ ДА ДОБИВАМ ПРОМОТИВЕН MAIL.

Конечно решив убаво да го проверам профилот на нивниот apple/connect. Интерфејсот им е тапа на сите тие сајтови, поминувам низ десетина различни страни за подесување, во повеќето од нив има штиклирано да добивам SPAM, нормално исклучувам од сегде ... неколку дена покасно ... пак SPAM.

Фак оф Apple, поголеми шупци сте од Microsoft.

Објавено: чет, 03 мај 02:46:36 CEST 2007
[æ]