Linux System Programming Пред некое време ме викнаа да одржам предавање за слободен софтвер, слободна култура и она околу нив (заедница, екосистем, лиценци и сл.) на конференцијата насловена „Креативни индустрии“. Предавањето беше прилично успешно и забавно, но тоа е друга тема.

Обично не барам хонорар за предавања за слободен софтвер, но овојпат тоа беше веќе договорено. Па, еве решив хонорарот да го претворам во книга која ќе стане дел од библиотеката на Слободен софтвер - „СподелиКнига“.

Книгата „Linux System Programming“ од Robert Love, стигна пред некој ден, и веќе прочитав еден дел. Кога ќе ја завршам оди кај библиотекарот :).

ps. некој да не знае модул за Drupal 5.x за одржување едноставна библиотека? пишете ми!


Објавено: пет, 09 ное 19:38:53 CET 2007
[æ]