Моментално сум во Whistler, British Columbia во Канада на Mozilla Summit 2008 кој треба да започне за некои 15 минути.

Mozilla Summit 2008 е конференција чија идеја е да ја собере заедницата која учествува во изработката на Mozilla проектите и да се споделат искуствата и знаењата за она што поминало и за тоа што тек доаѓа.

Тука се најглавните програмери на Firefox, Thunderbird, Calendar, понатаму луѓе кои работат на инфрастуктурата на Mozilla - системски и мрежни инжењери и слично. Има и луѓе од l10n заедницата, а и луѓе што се занимаваат со маркетинг и реклами во Mozilla Corp.

Целиов пат и престојот во хотелов ми го спонзорира Mozilla (иначе нема шанси некој од балканот а богами и пошироко да стигне до туке без спонзор - само авио-картата беше околу 2000$).

Патот од кога излегов од дома додека стигнав во соба траеше скоро 24 часа и сеуште се опоравувам. Денеска стигнав да го прошетам гратчево Whistler - кое е фино, мало, претежно туристички ориентирано гратче (сигурно бил селце порано). Во зима се скија, а во лето истите терени и жичари ги користат mountain-bike-ери. Наводно имало и мечки :).

Направив и некои слики кои ваљда ќе се појават негде на интернет кога ќе стигнам да ги натоварам. Во меѓувреме, веќе се појавуваат слики на flickr и сл, а може да се следат на mashup-от специјално направен за конференцијава - нагалено summitr.

Објавено: вто, 29 јул 02:42:29 CEST 2008
[æ]