Веќе е во тек вториот ден, па да напишам што се случуваше вчера.

Вчера презентациите почнаа со обраќање на Mitchell Baker (директор на Mozilla фондацијата) која се обиде да ја објасни суштината на Mozilla - дали е тоа софтвер, дали е компанија, дали лета, дали се јаде, итн... Метафората која ја искористи е Мозила дрво (на живот) Mozilla Tree во кое коренот е слободната лиценца (и the freedom to fork), заедницата и меритократија и придонес кон јавно добро, а врз тоа се изградени производите (како Firefox), мозила компанијата итн. Мислам дека некои делови од предавањето можеби беа и preaching to the choir, со оглед дека сите присутни се веќе дел од заедницата и знаат зошто се таму - но веројатно тоа повеќе беше и повик на сугестии како да се додефинира Mozilla идентитеот (што јас и не мислам дека е толку многу потребно :) - можда сум повеќе во build-it-they-will-come кампот).

Потоа следеше интересна презентација на минатото и иднината на корисничките интерфејси кај прелистувачите. Беа презентирани интересни идеи за тоа што може да биде подобрено и која е логиката позади одредени решенија во Firefox. Во секој случај има многу луѓе кои работат на разни идеи и решенија за премостување на најголемата бариера во информациската технологија - а тоа е интеркацијата човек-компјутер.

Потоа продолжив на неколку сесии за локализација - иако паралелно имаше и други интересни предавање, но сепак тука дојдов во улога на локализатор. На овие сесии беа повторени сите проблеми со кои се соочуваат локализаторите, беа презентирани и неколку алатки кои можеби во иднина ќе помогнат со процесот на локализација на Мозила програмите, процес кој денес е покомплициран него што има потреба. За жал сеуште немаме некое решение кое денес (ни утре) ќе ни ги реши проблемите, но барем постои интерес и желба да се подобрат работите. Веројатно најкорисен дел од овие сесии беше споделувањето искуства помеѓу локализаторите и се надевам извршивме некој притисок за некои работи кои мислиме ни се неопходни.

Тоа беше и крајот на официјалниот дел. Потоа следеше вечерата, во која сите посетители беа поделени во 4 групи и отидоа во 4 различни ресторани (италијански, француски, stake и незнам кој беше 4-тиот). Седев со неколку американци од чив муабет разбрав дека има многу најразлични култури во америка :).

Денот заврши во mozcafe, т.е собата за разонода. Игравме малку фусбол, пинг-понг, имаше луѓе кои свиреа RockStarBand (или како и да се вика играта) на Ninteo Wii (две гитари, бубањ и вокал) и така негде до 1 вечерта.


Објавено: сре, 30 јул 22:56:55 CEST 2008
[æ]