Веќе завршивме и со вториот ден, барем презентациите. Остана уште Lights of Firefox арт инсталацијата (url?) и вечерата.

Веќе спомнав дека Mozilla има многу проекти кои ја истражуваат иднината на интернетот и сурфањето. Денес беше презентиран Fennec прелистувачот базиран на Firefox но за мобилни уреди - од smart телефони, до интернет таблети (n810) и UMPC-ја.

Сеуште во рана фаза на развој, програмерите се соочуваат со проблемите и ограничувањата на овие мобилни платформи. Малиот екран бара специјални решенија за „Хромот“ т.е. корисничкиот интерфејс на програмот, исто така многу од овие уреди имаат ограничен број на влезни уреди - немаат тастатура, се контролираат само со пенкалце или само со допир и сл. Но сето ова се проблеми на кои се работи. Интересна беше и забелешката дека многу важно ограничување на мобилните уреди е количеството струја која може да ја трошат. Се повеќе од 1W е недозволиво од проста причина дека топлината која ќе се изгенерира ќе стане опасна за човекот. И тоа е предизвик со кој Fennec ќе мора да се соочи. Првата алфа верзија се очекува во септември, веројатно некои постабили верзии прво ќе се видат за Nokia n810, а покасно следната година и на други платформи (Symbian, LiMO и сл).

Понатаму, повторно една од L10n сесиите. Овојпат за процесот на build-ање на локализирани верзии. Мислам дека имавме одлична и плодна дискусија со луѓето кои го одржуваат buildbot и thinderbox системот. Всушност имаа многу прашања за тоа што ни треба нас локализаторите и може да се очекува многу поефикасен процес во скорешна иднина. Во пракса ова ќе значи многу помало време на чекање за да се добие и тестира локализирана верзија на Firefox и другите програми. Утре ќе имаме уште еден состанок со L10n групата на кој се надевам ќе поразговараме и за некои од новите алатки кои сега се во развој.

При крајот на денов дојдоа и лошите вести. Одронот на карпи на патот од Вистлер до Ванкувер нема да се расчисти во следните 5 дена сигурно. Тоа значи дека за да стигнеме до Ванкувер (од каде ми лета авионот до Торонто) ќе мора да се оди по обиколен пат од 8 саати (ауууччч)... утре (четврток) ќе морам во 6:00 поручек да тргнам за да го фатам авионот во петок сабајле и ќе ја пропуштам експедицијата со жичара на една од локалните планини.

Плус, ми требаа скоро 24 часа од дома до хотелот тука, сега времето на патување ќе се продолжи за некои 13 саати изгледа.

PS.
очигледно во иднина освен „Hit by a bus“ метриката за катастрофи во open-source проекти ќе треба да се воведе и „The whole developers community trapped between a rock slide and bears“.

Објавено: чет, 31 јул 03:23:21 CEST 2008
[æ]