Ден трет и последен. Се будам - нема струја во цел хотел. Wifi-то работеше и дел од осветлувањето (но не и во купатилото). Но лаптопот брзо се потроши.

Автобусот за Ванкувер ми е одложен за 10pm вечер што значи сепак ќе можам да одам на свечената вечера горе на планина (за некој саат од сега). Јес да каков малер не бие деновиве, прашање е дали после ќе може да се вратиме :).

Испадна дека има многу отворени прашања во врска со целиот l10n процес и технологија, па денес повторно скоро низ целиот распоред бев на l10n сесии. Главно зборевме ние - локализаторите, а Мозила воспоставува нова инфраструктура (вклучително и луѓе) кои треба да ни помогнат со целиот овој хаос кој беше l10n на Firefox и другите Mozilla програми. Беа спомнати и неколку различни алатки кои се користат - ми се чини најдобро ќе биде, барем дел од овие алатки да се интегрираат во compare-locales алатката која служи за проверка на преводот.

Успеав само малку да прошетам и да фатам дел од другите сесии - мора да се каже има многу, многу посветени и паметни луѓе кои се занимаваат со миљон проблеми во врска со интернет, мозила, технологија воопшто итн. Многу работи воопшто не ми беа ни јасни. Останува уште повеќе да се научи.

Објавено: пет, 01 авг 02:41:12 CEST 2008
[æ]