Mozilla Summit 2008 заврши. Вчера морав порано да си одам од завршната вечера - која btw малку личеше на свадба со смешен бенд на сцена - бидејќи автобусот кон Ванкувер ми тргна во 10pm PDT (7аm Скопско).

Сега (7:30am PDT, 16:30 Скопско) веќе сум во Ванкувер и го чекам авионот за Торонто. Во Скопје ќе бидам утре во 15:30 (Скопско време). Се на се, некои 32 саати пат.

Се надевам списанијата ќе ми дотрајат. Интернет во следниот период тешко - Торонто немаше free wifi, а мислам ни Виена.

ps. освен се друго што ни се случи вчера уште и видов како врне снег во Јули, а нормално и неколку мечки наваму натаму. Тоа ти е... Канада :).

Објавено: пет, 01 авг 16:26:14 CEST 2008
[æ]