GT Transeo 2.0 v-brakeGT Transeo 2.0 v-brake, спаѓа во една нова категорија точаци, таканаречени хибриди. Рамот има величина и геометрија на road? точак, со 700mm тркала од една страна - а од друга страна компонентите му се слични со mountain точак: преден амортизер (50mm од), 3 запчаници напред (48,38,28), 8 назад (11-32), V-brakes и се друго. Гумите се нешто измеѓу, со димензии 700x35 (дијаметар/ширина) се различни и од класичните road кои се многу потенки, и од mountain кои се пошироки и со помал дијаметар (650 x 45-55mm). Сепак имаат мали крампони.

Се одлучив за хибрид - некои ги викаат commuter, comfort или 29ers (поради тркалата) - од проста причина што секако највеќе ќе го возам во град, но ми останува можноста понекогаш да се пуштам по некое патче низ трева или по земја. Големите тркала и амортизерот напред го прават возењето прилично комфорно, дури и на Скопските улици полни со дупки. Исто така големиот рам повеќе ми одговара отколку малите рамови типични за mountain точаците.

Рамот е алуминиумски (не кажуваат точно која легура), и целиот точак тежи околу 13-14кг (не сум го мерел сеуште, така мислам прочитав негде, можда е и потежок пошто е XL величината), што е прифатливо. Веројатно кога би ги заменил компонентите со Shimano XTR (претежно направени од алуминиум/титаниум легури, супер лесни и издржливи, но и многу-МНОГУ скапи) и некоја полесна предна амортизер-виљушка (денес прават бесни работи со carbon-fiber), би се намалила тежината до некои 10-11кг.

Главна конкуренција ми беа: Specialized Crosstrail кој не можев убаво да го споредам бидејќи одма се продал, Trek 7100 и Scott Sportster P5 кои ми се чини имаат нешто послаби компоненти (Scott-от е прилично интересен точак, Trek-от е прилично поефтин, но генерално послаб).

Додатни информации: спецификации - истиот на Bikepedia - слика од моделот за 2009 - слика од моделот 2008 но со диск кочници - голема слика од мојот.



Објавено: сре, 10 сеп 00:46:43 CEST 2008
[æ]