Барам „млад отворен театар“ на google и вториот линк е од овој сајт веројатно направен некаде во 1996. Сите други се од online медиумите кои нешто објавиле во врска со МОТ.

Истото и ако барам „Манаки филмски фестивал“ ... ко да немаат сајт.

Меѓутоа и едните и другите имаат направено сајт ... ама во flash. Тоа освен што ги прави практично не-видливи на интернет, ги прави и нивните сајтови тешко употребливи. Програмата не може да се пребарува, не може да се испринта или (лесно) да се прави copy/paste на текстот. Да не збориме за луѓето кои имаат потешкотии со видот, accessibility issues итн.

Тиња.

Објавено: пет, 26 сеп 13:42:26 CEST 2008
[æ]