Firefox 3.5 излезе и тоа на 70-тина светски јазици, но не и на македонски.

Во последен момент се случила некоја збрка со македонскиот build што го оневозможува системот за автоматска надоградба, и мораше да биде повлечен. Јас проблемот го приметив веќе во RC1 и ја поправив грешката, но во последните моменти по грешка таа поправка била одфрлена за конечниот build.

Останува да видиме дали ќе се појави 3.5 покасно, или пак ќе се чека на 3.5.1.

Се си мислам дека сите оние силни патриоти кои потпишуваат разно-разни молби по интернет, да одделеа малку време да тестираат и пријавуваат грешки, порано ќе го увидевме проблемот и ќе ја намалевме можноста за грешка... но тоа е реалноста, show must go on.

Од друга страна, тимот за локализација на Firefox се намали за 50% (по бројност, а 90% по преведувачки труд), нешто заинтересирани да ја продолжат работата не сретнав, па можеби show may not go on anyway.

ps. неофицијална информација е дека Firefox на македонски го користат околу 35000 луѓе, од кои 30000-тина 3.0.11.

Објавено: сре, 01 јул 11:39:07 CEST 2009
[æ]