Знам дека постојат алатки кои го прават истото, но оваа е за тие што сакаат да знаат (плус со овој метод не мора да го бришеш usb-то).

Идејата е од .iso image на Ubuntu да се добие boot-абилно USB стикче. Па да почнеме (во примерите ќе користам /dev/sdc како USB device]:

прво ги mount-ираме .iso-то и USB-то
modprobe loop
mount -o loop $HOME/Downloads/ubuntu-9.10-desktop-i386.iso /mnt

mount /dev/sdc1 /media/usb
потоа ја копираме целата содржина од .iso-то на USB-то, јас ќе употребам rsync, но и обичен cp е доволен ако пазите да го ископирате скриениот .disk директориум.

cd /mnt
rsync -av . /media/usb/
потоа го инсталираме boot loader-от. Бидејќи USB-то користи FAT32 фајлсистем ќе го употребиме syslinux boot loader-от. Тоа е пандан на isolinux кој се користи на boot-абилните CD-а (името доаѓа од iso9660, тоа е фајлсистемот кој се користи за CD-а и сл).

cd /media/usb/
mv isolinux/ syslinux/
mv syslinux/isolinux.cfg syslinux/syslinux.cfg
syslinux -d syslinux /dev/sdc1
со тоа, syslinux boot loader-от е инсталиран на 1вата партиција на USB-то. Останува само последниот чекор, а тоа е инсталирање на Master Boot Record на самото USB (а не во партицијата). За тоа ќе го искористиме стандардното MBR кое доаѓа со syslinux:

cat /usr/lib/syslinux/mbr.bin > /dev/sdc
Напомена: важно е да се примети разликата, во горните команди syslinux се инсталира во партицијата (на sdc1), но mbr-то се инсталира директно на дискот (на sdc).

И толку.. овој метод е пробан на ubuntu-9.04, 9.10, а и на netbook-remix верзијата. Треба да работи со сите понови ubuntu-а (но можеби не на 8.10).


За напредните корисници: доколку сакаме USB стикчето да го форматираме како EXT2 фајлсистем (а не FAT32 кој има многу ограничувања), процедурата е иста како горната, само каде што сум напишал syslinux се пишува extlinux. Тоа важи и за преименувањето на директориумот и config фајлот, и за командата за инсталирање на boot loader-от.

Нормално претходно треба да го фомратирате USB-то со командата mke2fs /dev/sdc1.

Објавено: вто, 03 ное 00:57:20 CET 2009
[æ]