Краток извештај што поминавме првиот ден од Python дружбата во КИКА.

Најпрво направивме краток осврт на јазикот Python и неговата историја (јазикот е од 1991ва, динамичен, но строго типизиран, повеќе-платформски, интерпретиран јазик). Се користи за било која намена, GUI-а, web сервиси и апликации, backend процесирање на податоци итн. Исто така популарен во scientific заедниците, посебно кај биолозите и хемичарите, во Google итн.

Потоа ги поминавме дел од основните типови на податоци во Python: Исто така покажавме како се дефинираат функции и можноста за специфицирање на default вредности за нивните аргументи. Сето тоа го покажувавме во интерактивниот (REPL) интерпретер.

Тоа е оприлика и содржината на официјалниот водич во Python точките 1, 2, 3 и мал дел од 4 и 5. Следниот пат ќе продолжиме со класи и методи, и со for, if, while инструкциите.

Референци и за Python заедницата

Освен веќе спомнатиот водич - од кој за 2-3 дена се добива основниот впечаток за јазикот - понатаму посебно корисен е индексот на сите вградени модули.

Сите други пакети за Python, може да се најдат во индексот на 3rd party python пакети.

Што се однесува до Python заедницата, фокусот е на мејл листата news:comp.lang.python (достапна и преку Google Groups) која е особено пријателска дури и за почетници, и Python планетата на која што може да се види кои се актуелните дилеми/достигнувања во Python светот.


ps. Тоа што не спомнав е дека името Python не доаѓа од змијата, туку е во чест на Монти Пајтон. Од таму и многу референци во документацијата за јазикот доаѓаат од скечеви на Монти Пајтон (spam, bar, eggs, parrots).

Објавено: пет, 12 мар 16:15:50 CET 2010
[æ]