Што е Jabber

Jabber е слободен/отворен IM (instant messages) протокол. Слободноста/отвореноста значи дека секој може да си направи jabber клиент апликација, и секој може да си направи и постави сопствен jabber сервер. Додатен бонус е што jabber серверите автоматски се поврзуваат во една глобална jabber мрежа, така што иако јас имам account на bagra.org jabber серверот, сепак можам да комуницирам со луѓето кои имаат account на jabber.org, vip.net.mk, GoogleTalk или некој друг jabbber сервер. Повеќе информации за jabber протоколот, серверите, клиентите и се друго може да се најдат на страницата http://www.jabber.org.

Што е IM

За тие што можеби ги збуни поимот IM протокол, кратко речено jabber е исто нешто со ICQ, MS Messenger или AOL Messenger (AIM). За разлика од mail пораките, кои од кога ќе ги пратиме, до дестинацијата може да стигнат и после неколку дена, инстант пораките стигнуваат веднаш (ред на величина секунда-две). Исто така секогаш можеме да видиме кои од нашите пријателчиња се во моментот вклучени во jabber мрежата, а кои не се (presence - присутност).

Некои jabber сервери

При изборот на jabber сервер највеќе треба да се гледа тој да е географски што поблиску до вас. Најдобро е да го изберете jabber серверот на вашиот интернет провајдер. Листа на многу други jabber сервери има на страницата http://www.jabber.org/user/publicservers.shtml.

Програми за jabber комуникација

Jabber клиенти има многу за сите платформи, дури и за мобилни телефони итн. Програмите се разликуваат и по можностите, изгледот итн., така што секој може да си го најде програмот кој најповеќе му одговара. Скоро сите jabber програми се излистани на страницата: http://www.jabber.org/software/clients.shtml, но сепак ќе набројам и некои мои предлози:

Откога ќе се поврзете на jabber светот, кажете им и на вашите пријатели. Мојата jabber адреса (или jabber id) може да ја најдете тука.

Среќно jabber-исување!
[æ]